Смрт на фашизмот – слобода на народот!

Политиката на Дефокус

Дефокус е партизански медиум. На Дефокус објавуваме содржина што е суштинско напишана на народен јазик, и е едноставна без премногу опишување на непотребните работи за самото тоа да страниците навидум изгледаат побогати. Самата вредност на нашиот новинарски труд се наоѓа во тоа што ние го зазимаме учењето на старошколските социјалистички медиуми, и го преименуваме колку што е можно во денешниот дигитален свет.

Независност
1. Ослободени од надворешно влијание: Не одговараме на ниту една политичка партија, корпорација или надворешна сила. Нашите зборови се наши, без компромис. Во срцето и во дејствијата, ние сме дел од Комунистичката Партија на Југославија и се водиме од темелите на Јосип Броз Тито, Едвард Кардељ и останатите југословенски и македонски комунисти и нивните вредности.
2. Непрофитабилни засекогаш. Човекот е најголемата вредност во социјализмот. А профитот останува секогаш за на крајот на нашата математика и мисија.

Дефокус на невистината
3. Геополитичка свест за сите: Од Македонија до светот, ги поврзуваме точките, помагајќи вѝ да ги разберете силите кои ја обликуваат нашата иднина.
4. Нашите гласови се меѓународно влијание: Ги засилуваме перспективите на македонските заедници, ставајќи ги во првите редови на глобалните дипломатски разговори. Дефокус е медиум кој што стреми да биде не само збор за луѓето и работниците, туку и вистинита слика за сите дипломати од Европа и светот, откривајќи им една нова слика и прилика на нашето општество што малкумина во пост-социјалистичката држава пробале да споделат.


Доколку имате критика, пофалба или идеја можете да нè контактирате.

Дефокус: Партизански Печат

mk_MKМакедонски