Смрт на фашизмот – слобода на народот!

Што значи мулти-поларниот свет на Маоистичкиот Апасиев?

Украдената партија на Левица што стана национал-социјалистичка со водство на Маоистичкиот платеник Димитар Апасиев ќе биде честа тема на дискусија на нашиот партизански медиум. Ако навидум малку истражите, Апасиев е професор по Римско-Ватиканско право, кое нема никаква врска со денешната социологија и општество. Кога учиме социологија во школо, учиме за нашето општество во Европа коешто се базира највеќе на делата од Карл Маркс и Фридрих Енгелс.

Ниту Кинескиот Сино-Фашистички систем нема тоа што ние во СФРЈ сме го имале и сме го толкувале од Маркс и Ленин, ниту пак Ватикан кој Апасиев го учел и денес го проповеда има некаква врска со денешното општество во нашата блиска цивилизација.

На кратко, мулти-поларниот свет на Апасиев е терминологија што е измислена од Кинеските Маоисти што отсекогаш биле против СФР Југославија и нашите народи и биле сојузници со Енвер Хоџа и Косовските сепаратисти. Над сѐ, поклонувањето на Апасиев со неговите национал-левичари во Албанија на Хоџа нѝ даде слика од нивното идеолошко (не)разбирање и непочит кон нашите Југословенски партизани и комунисти.

Нашето минато и нашето тешко дејствие како земја со најголем број на жртви во Втората Светска Војна докажува дека после распадот на нашиот социјалистички систем, денес владеат вампири како Апасиев кој што плука над сѐ што нашиот Маршал Тито честопати го има говорено, а тоа е интернационализмот кој што е дел од Марксистичката идеологија и теорија. Наспроти интернационализмот кадешто се почитуваат сите културни благодети, мулти-поларниот свет е термин на економската организација brics и нивните следбеници која во реалност нема никаква вистинска супстанца, и е уште еден празен збор на денешните квазо-дипломатски наративи.

Тоа дека Кинеските Маоисти и денеска не нѐ сакаат и имаат непријателски агенди против нашите народи се нивната соработка со нацистот Никола Груевски, и анти-комунисти како Српскиот нео-четник Вучиќ, кој што во исто време на дочекување на Кинескиот претседател и Сино-фашистички диктатор Ши, Вучиќ ужива со власт и администрација која води наратив за преместување на вечното место на почивање на Маршал Јосип Броз Тито и уништување на Куќата на Цвеќето во Београд.

Фотографија на вечноста, од Сино-Фашистичкото Министерство за Надворешни на “Западна” Кина, кое е главна машинерија позади Кисинџер синдромот:


Објавено на

во

,

од

Дефокус: Партизански Печат

mk_MKМакедонски