Смрт на фашизмот – слобода на народот!

Швабите имаат дупли дипломатски имунитет во Македонија и Косово

Германското министерство за надворешни работи на нивните дипломати во Приштина им издава и Скопски дипломатски пасоши. Иако пробавме многупати да ги прашаме за коментар пред да објавиме, од Швабските амбасади има само тишина околу ова прашање и факт кој нѝ го отвара прозорецот дека најверојатно сите манипулативни терористички акции во Косово се спонзорирани од германските дипломати.

Автоматски секој дипломат што се наоѓа во амбасадата во Приштина е и дипломат од Скопје. Тоа им дава посебна привилегија да бидат инволвирани во невидени манипулации кои за нивна корист или обоена наратива од НАТО, ЕУ и останатите институции што го користат Косово за материјална доблест и вечно да ги тероризираат народите со национализам.

Освен посебни привилегии кои идат против сите дипломатски закони, доколку ги споредите Скопската и Приштинската амбасада на Германија на социјалните мрежи, ќе видите огромна разлика во содржината и како двете амбасади ги третираат народите кадешто се наоѓаат. Иако со факт знаеме за швабите, најверојатно во оваа посебна привилегија уживаат и други држави. Но, суштинската проблематика не припаѓа ниту кај швабите ниту кај косоварите, туку припаѓа кај македонските институции кои дозволиле ваква катастрофа да се деси, сигурно знаејќи за ова со години, пред да дојдеме ние и да посочиме со прст за тоа колку е опасно самото тоа да секој дипломат поседува дупли пасош.

Со ова ни се открива и како тоа од Македонија си бегаат нацистички криминалци како Никола Груевски без никаков проблем, како тоа секој криминалец што нашава држава и со потерница го бара, со помош на овие шваби и останати империјалистички дувла кои им помагаат на криминалците за вечно да ја користат и Македонија и регионот за нивните перења на пари и други плитки материјални доблести.


Објавено на

во

од

Дефокус: Партизански Печат

ru_RUРусский